Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

Медицината повторно ги помести границите, новороденчето Петар, тешко 2,350 грама, го донесе на свет мајка од Скопје на 61 година, што ја прави највозрасната прворотка во нашата земја. Од ГАК велат дека неговото зачнување и раѓање се доказ за неверојатните можности на современите медицински методи.

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, д-р Ирена Алексиоска Папестиев, го потврди ова како значаен успех за македонската медицина, нагласувајќи:
„Бебето Петар на свет го донесе највозрасната пациентка во нашата држава. Оваа пациентка е првата што останала бремена со сопствена јајце-клетка, која што била криопрезервирана (замрзната), која што добила ин-витро третман во нашата држава, целата бременост ѝ била следена во нашата држава и раѓањето е завршено на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство."

Според неа, царскиот рез е извршен во 36-тата недела од бременоста, а и покрај предизвиците, пациентката и бебето се во добра состојба. Таа додава:

„Кај пациентката направивме царски рез во 36-та гестациска недела и таа роди плод, Петар тежок 2 килограми и 350 грама и 48 сантиметри долг.“


Слично

Поврзани вести