Видео: Автомобил пропадна во канал во Кисела Вода
При вчерашното силно невреме во Скопје, еден автомобил се излизгал и паднал во отворен канал каде се извршуваат градежни работи. Несреќата се случила во населбата Кисела вода, пренесува ТВ 24.
Автомобилот најверојатно пропаднал поради непрегледност на патот што го предизвикаа лошите временски услови и поројните дождови, како и несоодветна светлосна сигнализација. Според неофицијални информации, нема повредени лица, ниту жртви во несреќата,а полицијата доцна синоќа изврши и увид.
Слично
