Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Авганистанците кои ќе бидат засолнати во Македонија пристигнуваат во Германија

(ВИДЕО) Авганистанците кои ќе бидат засолнати во Македонија пристигнуваат во Германија

Видео: Топ Чанел

Првата група Авганистанци што го напуштија Авганистан со „Глобмастер Ц17“ пристигна во Германија, на аеродоромот во американската воена база Рамштајн, објави Си -Ен -Ен.

Американската база има капацитет од 5.000 луѓе, но со летови што пристигнуваат на секои 90 минути, таа брзо се полни. Рамштајн стана привремен транзитен центар за Авганистанците, кои потоа ќе бидат распоредени во други земји. Една од земјите што понуди да ги пречека раселените е Македонија.

Стејт департментот на САД ќе утврди каде ќе одат овие евакуирани лица, иако добар дел од нив, според сајтот Military.com, се очекува да отпатуваат во САД за неколку дена, откако ќе им биде направена проверка за Ковид -19.

Албанија, Косово и Северна Македонија на почетокот ја изразија својата подготвеност да ги пречекаат Авганистанците кои ќе побегнат од опасниот и задушувачки живот под режимот на Талибанците.


Слично

Поврзани вести