Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Авакс Е-3А од НАТО слета на Меѓународниот аеродром Скопје

(ВИДЕО) Авакс Е-3А од НАТО слета на Меѓународниот аеродром Скопје

Со официјалниот почеток на НАТО „air policing“ мисијата во нашата земја, македонското небо и официјално стана дел од колективниот систем на Алијансата за воздушно патролирање. 

Во рамки на настанот, вклучен е НАТО авион од типот Авакс Е-3А, задолжен за командување и контрола, ловци на грчкото воено воздухопловство од типот Ф-16 и владиниот авион Лирџет.

Мисијата за воздухопловно патролирање на нашето небо ја раководи Сојузничката воздухопловна команда на НАТО, тактичката контрола на мисијата е под раководство на Центарот за комбинирани воздухопловни операции во Торехон, Шпанија, а воздухопловните капацитети за реализација на оваа мисија се од грчкото воено воздухопловство. 

НАТО мисијата за воздухопловно патролирање на небото на Северна Македонија („NATO Air Policing“) е всушност продолжување на „air policing“ мисијата која Северна Македонија ја договори билатерално со Република Грција во септември 2019 година, но отсега под команда на Алијансата.


Слично

Поврзани вести