(ВИДЕО) АРСОВСКА: МВР ги штити криминалците, правда не очекувајте од нив
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва се вклучи во живо откако како што вели повеќе од 2 часа поминала во полициска станица каде го пријавила случајот за нападот врз неа кој денеска се случи во Чаир.
Арсовска вели дека во оваа држава правда не може да се очекува затоа што полицијата ги штити криминалците.
Таа вели дека наместо да постапува полицијата, инспекторите ја прашувале Арсовска што барала на тоа место во Чаир.
Додаде дека полицијата сака да го прикрие случајот. Арсовска вели дека оние кои упатувале закани кон неа, биле команданти на ОНА. Таа рече дека лицето во Чаир се заканило дека ќе го ликвидира нејзиното семејство.
Слично
