(ВИДЕО) Арна Шијак повредена на протест: Имаме освестен народ кој сака да си ја спаси земјата
Актерката Арна Шијак е меѓу повредените на протестот синоќа пред Собранието. Таа раскажува дека полицијата кон демонстрантите фрлила голем број шок бомби и солзавци.
Акетрката раскажува дека стоела до клупа во паркот спроти Собрание кога шок бомба паднала меѓу нејзините нозе и сериозно ја повредила. Тврди дека полицијата намерно фрлила шок бомби меѓу луѓето за да се предизвика страв кај нив да не протестираат повторно.
„Имаме освестен и разбуден народ кој сака да си ја спаси оваа негова земја, која некои сакаат да ја киднапираат“– вели Шијак.
Додава дека луѓето кои излегоа на протест не се платеници, како што вели министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Видеото е објавена на You tube каналот „Сите за унитарна Македонија“.
