Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Апасиев го нарече Димитров американски шпион

(ВИДЕО) Апасиев го нарече Димитров американски шпион

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев денеска во Собранието го нарече вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров американски шпион. 

Тој вели дека Димитров бега од Собранието како ѓавол од темјан. 

„Нашиот левичарски карактер е да ги презираме преварантите. Јас ќе се обидам кариерата на овој дипломат да ја поделам во две целини. Првата целина е кога Никола Димитров бил асли вмровско дете, Втората целина е кога Димитров бил рехабилитиран вмровец според зборовите на неговите сегашни сојузници или сопартијци“, рече Апасиев. 

Димитров на денешното барање за негова интерпелација на седницата во Собранието рече дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивните пандани во Бугарија звучат исто кога го обвинуваат. 

Вицепремиерот ги нарече поднесувачите на интерпелација „лажни патриоти“ кои имагинарно ги прославуваат „дипломатските порази“ и дека немаат елементарно познавање на процесите, а при тоа подвлече дека извештаите за „заробена држава“ се претвориле во извештаи за „светол пример“.


Слично

Поврзани вести