Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: Гаши го прекршува Уставот за Џафери да не биде разрешен

(ВИДЕО) АПАСИЕВ:  Гаши го прекршува Уставот за Џафери да не биде разрешен

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев реагира дека спикерот Африм Гаши го крши Уставот. 

„Уставот е јасен! Дополнително има дури четири други закони кои изречно со „jus cogens” норма пропишуваат неспоивост на функција. Тоа се: Законот за Собранието, Законот за пратениците, Изборниот законик и Законот за спречување на корупција и судир на интереси“, рече Апасиев, при процедуралното обраќање на собраниската седница. 

Ова е во однос на како што велат неуставното, незаконското и неделовничкото заземање на две неспоиви функции на Талат Џафери.

 Апасиев ги наведе случаите по коишто престанува функцијата пратеник.

„Ставот три е многу битен, којшто вели: „Мандатот на пратеникот му престанува со денот на настанување на случаите од ставот 1, точки 2, 3, 4, 5, и 6″. Значи, точката 3 којашто е случај на инкопатибилност е спомената изрично. Слушајте што вели: „Собранието тоа го констатира на првата наредна седница”. Ова е прва наредна седница после верификацијата на мандатите“, објасни Апасиев.

Уште на 4 јуни, пратеничката група на Левица поднесе барање врз основа на сите наведени членови. Левица жестоко ја критикува и ВМРО-ДПМНЕ. 

Џафери на конститутивната седница најави дека ќе остане премиер, а ќе се воздржи од пратеничките обврски за да избегне судир на интереси. И мандатарот Христијан Мицкоски се согласи дека повеќепати имало ваква пракса и дека се работи за „сива зона“ која треба да се преуреди.


Слично

Поврзани вести