(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Пожарот во близина на Негорци се проширил на 50 метри до куќите
Кај Негорци, пожарот се приближува до куќите.
Ова го потврди директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов.
Пожарот во близина на Негорци се проширил на 50 метри до куќите, поради што е активиран хеликоптер. Ангелов ги повикува жителите на Негорци да ја стопираат линијата на пожарот. Нема потреба да го гаснат пожарот, туку да учествуваат во негово запирање.
Во Општина Петровец, пожарот се појави во атарот на село Градманци и се движи кон Катлановска брезница. Гори деградирана шума.
Македонија цел месец се бори со пожарите. Во светиниколско изгореа куќи, а во кумановско загина човек.
Слично
