Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Американски конгресмен сака поделба на Македонија?

(ВИДЕО) Американски конгресмен сака поделба на Македонија?

Американскиот конгресмен, Дејна Рорабашaр од републиканската партија се изјасни за промена на границите на Балканот и поделбата на Република Македонија.

„Создавањето на македонска држава може да пропадне и во моментов постојат сите услови таа да биде поделена меѓу нејзините соседи, вклучувајќи го и Косово и Бугарија"- изјави тој во интервју за албанската телевизија „Визион плус", пренесува бугарска Нова тв. 

Според него,  Македонија не е држава.

„Жалам, но таа не е држава. Кај нив има толку голема поделба и никогаш во иднина нема да можат да живеат заедно. Поради оваа причина Косоварите и Албанците од Македонија треба да бидат дел од Косово, а остатокот од Македонија треба да биде дел од Бугарија или од некоја друга држава со која тие сметаат дека се поврзани“ - додава тој. 

Во САД постои идејата дека треба да се поддржува Македонија, бидејќи некој пред 30 години донел одлука за слична конфигурација по распадот на Југославија, но тоа не значи дека оваа идејата е валидна и денес, смета тој. 

Конгресменот вели дека не е загрижен за мешањето на Русија на Балканот,

Се наведува дека Македонија од почетокот на 2015 година се наоѓа во тешка политичка криза, поврзана со корупција, злоупотреба на власт, манипулација на избори и противењето со албанското малцинство.


Слично

Поврзани вести