(ВИДЕО) Амди Бајрам тврди дека Северна Македонија е негова визија од 1996
На Ромскиот бал пратеникот Амди Бајрам изјави дека Северна е негова визија уште од 1996 година.
Тој направи споредба дека кратенката за новото име на државата е исто со таа за неговата партијата.
„Северна Република Македонија. СРМ партијата, значи Сојуз на Роми Македонија. Северна Република Македонија, од ’96-та ова е визија моја“ – кажа Бајрам.
Но, Бајрам го греши распоредот на зборови. Деновиве со 81 глас „За“ се усвоени уставните измени со што стануваме Република Северна Македонија, во согласност со Договорот од Преспа.
Слично
