(Видео) Амди Бајрам ги откри своите новогодишни желби за 2019-та
Амди Бајрам, коалициониот партнер во владеачкото парламентарно мнозинство во 2019-та посака уставни измени и помирување на политички план.
- Сите во новата година заеднички да гласаме за Северна република Македонија, да ја донесеме одлуката заеднички, затоа што тоа е во интерес на нас политичарите. Со тоа, на сите во Северна Република Македонија им посакувам да влеземе во НАТО и во ЕВропа и овие сите работи што се во државата да ги заборавиме. Сите заеднички да работиме за економијата и за подобар живот на граѓаните - рече Бајрам за Пресинг ТВ.
Додаде дека и натаму ќе коалицира со секој што е на власт, односно дека не размислува да биде опозиционер.
Слично
