Видео: Алаѓозовски против градба на Скупи кое е старо 20 века
Роберт Алаѓозовски, претседателот на Комисија за култура на СДСМ, на прес конференција побара заштита на античкиот локалитет Скупи, каде според него треба да се гради нов театар што ќе биде кобно за оваа стара и непроценлива градба.
„Предупредуваме дека намерата да се руши дел од културното наследство Скупи, за да се гради театар, е кривично дело поврзано со оштетување и уништување културно наследство и дека ќе има одговорност. Голем број објекти од културното наследство во Македонија се распаѓаат и не се ставени во Годишната програма од Канческа Милевска. А објектот Сукупи е ставен во програмата за да биде уништена неговата автентичност“, обвини Алаѓозовски.
Слично
