(ВИДЕО) АЕРОДРОМ НА УДАР: Се следи ли примерот на поранешната власт да се копа во утринските часови за да се гради во Скопје?
Револтот расте дополнително кај Аеродромци откако во раните утрински часови багери дојдоа кај Мајчин дом и почнаа да изведуваат градежни работи на местото каде треба да никне висококатница.
Со видеа објавени по социјалните мрежи, граѓаните повикаа на протест денеска во 17 часот.
Тие го повикаа градоначалникот да се повлече од функцијата откако почна да го применува она што беше негов главен адут во изборната кампања кога бараше од неговиот претходник да го повлече планот за изградба на бетонски џин на зелената површина во овој дел од населбата.
За дел од медиумите, од општината рекле дека Уставниот суд до денес нема донесено никаква одлука за овој предмет, ниту го има ставено на мирување, ниту го има поништено ДУП И10.
„Барање за дозвола за градба на плацот пред Мајчин дом во меѓувреме пристигна и Општината е законски обврзана да го процесира, согласно со позитивните законски регулативи и параметрите на сѐ уште активниот ДУП И10“, рекле од Општина Аеродром.
