(ВИДЕО+18) КОЈ ВИ ГИ ЧУВА ДЕЦАТА? Дадилка снимена како малтретира бебе во Скопје!
Низ медиумите брза како молња се рашири веста за дадилка која малтретирала бебе во Скопје при што на социјалната мрежа е споделено и видео од близок член на бебето.
Дадилката наместо да го чува, го малтретира и грубо се однесува кон деветмесечно бебенце во Скопје, како што можете сами да забележите на видеото.
МВР против неа поднесе кривична пријава, па Основното јавно обвинителство - Скопје, поведе постапка против едно лице кое се сомничи дека малтретирало 9-месечно дете.
По проучување на кривичната пријава и доказите, јавниот обвинител најде дека постои основано соменение за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, за кое е запретена казна затвор од една до десет години.
При тоа, донесена е Наредба за спроведување истражна постапка и до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесен е Предлог за определување на мерка – Притвор против осомниченото лице, поради постоење опасност од повторување на делото.
Пријатели... Со голема болка и уште поголем гнев го постирам ова видео...Сакам сите да видите што држи земјава.... Тоа к... Posted by Olja Kara on среда, 9 септември 2015 (Видео: Фејсбук )
