Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Стевананџија му стави лубрикант на маса на Богоевски среде емисија

(ВИДЕО)  Стевананџија му стави лубрикант на маса на Богоевски среде емисија

Во сред дебата во телевизиската емисија„Само Вистина“ пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, извади лубрикант и го стави на пултот додека течеа полемиките со неговиот колега од СДСМ, Павле Боегоевски, за трошењето на парите од државниот буџет.

- Ова овде, едно вакво чини 415 денари. Со него може да се откупат над 800 килограми јаболки, или да им се подобрат услоивите на студентите во студентските домови, или да се обезбедат плати за работниците од „Охис“ - рече Стевананџија.

Богоевски откако се изнасмеа на потегот на Стевананџија му одговори дека државата мора се грижи превентивно против ширењето на ХИВ-вирусот во Македонија.

- Во буџетот се предвидени 1,5 милиони евра за превенција од оваа болест. Во тие рамки, спаѓа и купувањето лубриканти за да не ги загрзоиме останатите граѓани од опасноста од полово-преносливи болести - рече Богоевски.

Стевананџија е познат по своите радикални националистички и конзервативни ставови во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека Богоевски е застапник на либералните вредности.

Лубрикантот остана на пултот во последните 20 минути од дебатната емисија.


Слично

Поврзани вести