Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „Куманово е со Вучиќ“: Се одржа собир за поддршка на српскиот претседател

(ВИДЕО)  „Куманово е со Вучиќ“: Се одржа собир за поддршка на српскиот претседател

Граѓани денеска се собраа во Куманово за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ, организиран од здружението „Мир, слога, стабилност“.

Тие носеа македонски и српски знамиња, но и транспаренти на кои пишува „Ние сме со Вучиќ“ и „Куманово е со Вучиќ“.  Собирот се одржува пред конзулатот во Куманово. Велат дека целта на собирот е испраќање порака за заедништво и меѓусебна почит.

Во соседна Србија, денеска неформалната група „Студенти во блокада“ организира голем собир на белградскиот плоштад „Славија“, на кој своето присуство го најавија академици, активисти и многубројни граѓани од сите делови на Србија. Централниот протест е закажан за периодот од 18 до 20 часот, но нему ќе му претходат масовни собири на четири клучни локации во главниот град. 

Кумановски Муабети објави видео од настанот. 

фото принтскрин Кумановски муабети


Слично

Поврзани вести