Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО - „Шо праите бе, другари?“: Заев се појави на одбележувањето на 35 години СДСМ

ВИДЕО - „Шо праите бе, другари?“: Заев се појави на одбележувањето на 35 години СДСМ

Сојузот на социјалдемократите на Македонија (СДСМ) синоќа одбележа 35 години од своето основање на свечен настан во партиското седиште, на кој присуствуваа членови и поддржувачи на партијата.

Настанот беше заокружен со обраќања и музичка програма, а непосредно пред самиот крај, изненадување за присутните беше појавувањето на поранешниот лидер на партијата и поранешен премиер, Зоран Заев.

Тој пристигна околу пет минути пред завршницата на свеченоста, откако официјалниот дел веќе беше завршен. Ова е негово прво јавно појавување по подолг период.

Присутните го пречекаа со аплауз, а дел од нив се поздравуваа, го прегрнуваа и се фотографираа со него. Во неформалната атмосфера, Заев се обрати со зборовите „Шо праите бе, другари“, поздравувајќи ги присутните.

На видеото од настанот може да се слушне како тој се извинува за доцнењето, велејќи дека претходно бил на друга обврска.

– Извинете за доцнењето сега, ама морав таму на промоција на тој филмот – рече Заев.

Во разговор со присутните, на забелешка дека подолго време го нема, тој кусо одговори:

– Не бе, тука сум јас, тука сум.


Слично

Поврзани вести