Вицепремиерот Николоски доби дрес од Белгија
Вицепремиерот Александар Николоски денеска оствари средба со Паскал Ван Даме претседателката на фудбалската федерација на Белгија.
На средбата министерот за транспорт доби дрес од фудбалската репрезентација на Белгија која вечерва ќе биде гостин во квалификацискиот натпревар против Македонија.
Вицепремиер рече дека во владата се сретнал и со други лица кои се поврзани со фудбалскиот, но и политичкиот и економскиот живот во Белгија.
" Денес во Владата се сретнав со Паскал Ван Даме - Претседателката на фудбалската федерација на Белгија и високи претставници од политичкиот и бизнис живот во Белгија кои допатуваа во Македонија во пресрет на фудбалскиот натпревар помеѓу двете земји.
Соработката со Белгија е на високо политичко и економско ниво"- напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил.

