Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вицепремиерот Љупчо Николовски оздраве и се враќа на работа - ќе ја прави Македонија земја на чесни политичари

Вицепремиерот Љупчо Николовски оздраве и се враќа на работа - ќе ја прави Македонија земја на чесни политичари

Вицепремиерот за борба против корупцијта и криминлот, Љупчо Николовски, успешно ја преброди битката со ковид 19 и се враќа на своите работни задачи. 
Тој преку својот фејсбук профил си постави пет клучни приортети на професионален план, на кои тврди дека ќе биде посветен во годината пред нас. 
„Ова се моите топ 5 професионални приоритети за новата 2021 година на кои сум посветен, во интерес на граѓаните и нашата татковина:

Прво: Акција 21 за европски стандарди дома, со фокус на: прочистување на судството, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, мерки против Ковид 19, зголемување на транспарентноста на функционерите и одговорност на секого пред законот!

Второ: Имплементација на препораките од ГРЕКО. Можеме да бидеме држава на чесни политичари и ќе го покажеме тоа.

Трето: Реализација на проектот Интероперабилност. Да го подигнеме нивото на безбедна размена на бази податоци помеѓу институциите и да ја зголемиме нивната брзина на делување.

Четврто: Ефикасни институции за решавање на случаите за кои постои сомнеж за корупција.

Петто: Екипирање и дигитализацијата на истражните центри во Јавното обвинителство, што значително ќе придонесе во борбата против корупцијата.

Секако, продолжува интензивна координацијата помеѓу антикорупциските институции кои се одговорни пред Владата, во соработка со независните институции.

Заедно, со граѓаните, можеме да создадеме праведно и правично општество во кое секој што се огрешил пред законот ќе одговара!“, напиша Николовски на својот фејсбук профил.

Слично

Поврзани вести