Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вицепремиерот Османи ќе докажува дека не е виновен

Вицепремиерот Османи ќе докажува дека не е виновен

 „Пациент“ е името на истрагата во која СЈО ја покрена а во која еден од осомничените е и вицепремиерот Бујар Османи.

Тој вели дека ќе докаже дека не е виновен и дека не рабтел незаконски во времето кога беше министер за здравство.

„Неколку години демнеа овие шпекулации во врска со некакви сомнителни злоупотреби во министерството за здравство и јас бев еден од тие што инсистрав на истрага .Ако ги следите моите јавни настапи, отсекогаш сум барал што побргу да се отвори истрагата, бидејќи навистина нема потреба да стои постојано како дамка и сомнеж за моето работење. И мојата партија има побарано истрага за секој функционер од 2002 година, драго ми е што конечно е отворена оваа истрага, чија улога е да ги утврди фактите. Очекувам што побрзо и поефикасно да заврши“, посочува Османи.

Премиерот пак, прашан дали ќе побара одговорност од Османи, вели дека ќе чека правосилна пресуда па тогаш ќе носи одлуки.

Слично

Поврзани вести