Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вицепремиерот Хазби Лика не сака да му го затворат Секретаријатот

Вицепремиерот Хазби Лика не сака да му го затворат Секретаријатот

Распуштањето на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор предизвика реакција на негодување од страна вицепремиерот Хазби Лика, кој се противи на трансформацијата на овој орган во министерството за политички систем. Оваа владина одлука го тангира Лика, затоа што по правило вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор е и на чело на овој Секретаријат кој инаку е позбнат по тоа што вработува околу 1.700 службеници.

„Чувствувам обврска да се изјаснам пред вас за ситуацијата создадена неодамна на иницијатива на ДУИ за распуштање на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор, како и за утврдување на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, иницијатива која утре ќе се најде пред пратениците. Јас како претставник на ДУИ и Владата на Република Северна Македонија,не сум информиран ниту консултиран за иницијатива или за изготвувањето на овој закон", се вели во реакцијата на Лика.

Лика пишува дека за време на последната средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, се обидел да отвори дебата за трансформација на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор во министерство за политички систем.

Очекува наскоро да се разјасни новонастанатата ситуација и каква ќе биде понатамошната судбина на структурата на Секретаријатот.



Слично

Поврзани вести