Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вицепремиерот Фетаи згрозен од скандирањето против Албанците во Куманово

Вицепремиерот Фетаи згрозен од скандирањето против Албанците во Куманово

Вицепремиерот за добр владеење и борба проотив корупција Арбен Фетаи се огласи на социјалните мрежи со реакција на, како што вели тој, скандирањето против Албанците на синоќешниот квалификациски кошаркарски натпревар помеѓу Македонија и Романија во Куманово.

„Како вицепремиер на Северна Македонија, остро ги осудувам ксенофобичните скандирања и говорот на омраза насочени кон Албанците за време на синоќешниот квалификациски натпревар за Светското првенство во 2027 година помеѓу Северна Македонија и Романија.

Овој вид однесување е срамно предавство на вредностите на почит и фер-плеј што спортот треба да ги претставува. Ксенофобијата и говорот на омраза, без оглед од која страна доаѓаат, немаат место на нашите стадиони, во нашето општество или во нашата заедничка иднина.

Ги повикувам навивачите, спортските власти и управните тела да преземат решителни мерки за искоренување на овој срам. Молчењето или неактивноста само ја поттикнуваат омразата.

Како држава, мора да промовираме инклузивност и почит во сите аспекти на животот, вклучително и спортот. Да работиме заедно за да изградиме Северна Македонија каде што поделбата не е опција и каде што различноста е наша сила, а единството наша гордост.“,реагира Фетаи.

На синоќешниот натпревар присуствуиваа и премиерот Христијан Мицкооски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Куманово и лидер на „Знам“, Максим Димитриевски.

Спортската сала во Кумановоо вчера промотивно беше пуштена во употреба по периодот на реноовирање.

Слично

Поврзани вести