Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, денеска на Регионалниот состанок за политики за враќање на имот во Западен Балкан, што се одржува во Будва, Црна Гора, објави дека државата имала скромни резултати на ова поле минатата година.

Како што рече тој, институциите преку целата година замрзнале сомнителен имот вреден само 1,7 милиони евра, додека конфискуваниот изнесува само 18 милиони евра.

Резултатите за 2023 година покажуваат пад на вредноста на замрзнатиот и конфискуваниот имот во споредба со 2022 година. 

- Во 2022 година, вредноста на замрзнатиот имот изнесуваше речиси 40 милиони евра, додека конфискуваниот имот беше околу 28 милиони евра. Во 2023 година, замрзнатиот имот е намален на само 1,69 милиони евра, додека конфискуваниот изнесува околу 18 милиони евра, рекол вицепремиерот.

Фетаи, како што соопшти неговиот Кабинет, ја истакнал потребата од координирани активности против организираниот криминал и корупцијата, нагласувајќи ја важноста на размена на најдобрите практики и справување со нелегалните финансиски трансакции кои ја поткопуваат демократијата и довербата на граѓаните во институциите.

-Овие бројки се повик за будење и потсетуваат на потребата од промена на пристапот, изјавил вицепремиерот за политики за добро владеење.


Слично

Поврзани вести