Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вицепремиерката Грковска за прв пат одговараше на пратенички прашања: Премиерот веќе нема удели во Пиксел Гроуп

Вицепремиерката Грковска за прв пат одговараше на пратенички прашања: Премиерот веќе нема удели во Пиксел Гроуп

Славица Грковска, вицепремиерката за добро владеење, за прв пат откако е на функција одговараше на пратеничко прашање во Собранието и рече дека Димитар Ковачевски не може да се поврзува со „Пиксел Гроуп“, бидејќи како што рече таа, премиерот ги продал уделите во оваа компанија пред да влезе во политиката.

Грковска одговараше на прашање од пратеникот Миле Лефков дали имало реакција од нејзина страна за случајот „Броило“, во кој според опозицијата, компанијата за производство на фотоволтаици, која сега е во единствена сопственост на кумашинот на Ковачевски, конкурира за државна помош во тетовска индустриска зона.

„Државната комисија за спречување корупција веќе кажа дека нема судир на интереси и дека е законска процедурата. Премиерот се откажал од уделите и нема функција во фирмата. Во ваше време немаше ниту функционална антикорупциска комисија и беше незамисливо да се објават анкетните листови на Груевски и другите функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Вие сте научени да функционирани на принципот „Миле ми текна“ и да се тепаат пратеници и студенти“, одговори Грковска во својот прв настап пред пратениците на пратенички прашања.

Пратеникот Лефков реагираше дека не е задоволен од дадениот одговор од вицепремиерката чиј делокруг на работа е и спречување на корупцијата.

„Претседателката на комисијата за спречување корупција Ивановска за аферата „Броило“ рече дека постапката е во тек и не е затворена истрагата, а вие се поставивте како портпариол. Овде претседателката на Антикорупциска кажа дека не е така“, реагираше Лефков.

Слично

Поврзани вести