Вицепремиери многу, пари помалку- Што реши Уставниот суд ?
Уставниот суд го
укина членот 14, во делот: „потпретседател на Владата“ од Законот за плата и
другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и
другите избрани и именувани лица во Републиката. Со оваа одлука петте потпретседатели Кочо
Анѓушев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика ќе
земаат помали плати.
Судот смета дека функцијата вицепремиер е фиктивна, па со оглед на тоа
постоечкиот коефициент за плата се намалува.
Постапката и одлуката за одредба со која се уредува плата за непостоечка јавна функција – потпретседател на Влада, Уставниот суд ја поведе по поднесената иницијатива од страна на „Левица“ во декември минатата година.
Слично
