Вице Заев се судеше со Николовски: Јас сум сопственик на „Тотал инженеринг“ и „Тотал електрик“, немам други фирми
Братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев, на денешното рочиште по тужбата против Александар Николовски го демантираше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека е сопственик на фирма за производи од канабис во тужбата за нарушување на неговиот углед сред дебатна ТВ-емисија.
„Парцелата не е со квадратура што ја пишува порталот, купена е транспарентно и на законит начин, на ’Еленица‘ никогаш не сум бил сопственик, освен порано што сум бил член на нејзиниот надзорен или управен одбор, а во производството на канабис за медицински потреби немам допирни точки. Членови на моето пошироко семејство, мои први братучеди, да. Јас не. Јас сум сопственик на фирмите ’Тотал инженеринг‘ и ’Тотал електрик‘. Сте можеле сè ова да го проверите, а за парцелата за градба, ако ви било нешто сомнително, сте можеле да пријавите во обвинителството. Немате право да ме клеветите и навредувате“, рече тужителот во одговорот кој го пренесува СДК.
Николовски во една ситуација на телевизија рече „дека прозападни и про-НАТО и про-ЕУ вредности не се наместени тендери, бизниси за членови на семејството и братот на премиерот, кој станува главен бизнис фактор во државата. Тоа се далеку од едни европски и западни вредности“, а Вице Заев се пронајде во истата.
Во тужбата, Вице Заев тврди дека Николовски со клеветата изнел невистинити факти, штетни за честа и неговиот углед. Следното рочиште е закажано на 12 април на која ќе се види снимката од телефонското јавување на Николовски во телевизиската дебата,
