Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вице Заев нема да добие извинување

Вице Заев нема да добие извинување

Aлександар Николовски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во разговор за Алфа ТВ рече дека нема да му се извини на Вице Заев.

Пред неколку дена братот на премиерот Зоран Заев, даде рок од три дена Николовски да ги покаже доказите за наводната коалиција со функционери на опозицијата за да убедуваат пратеници да гласаат за уставни измени.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николовски за ТВ Алфа вели дека не му е на ниво да му се извини на Вице Заев за јасно искажаниот став.

„Доколку има тужба за клевета, кое судство ќе одлучува, она кое брат му го ослободи од сите обвиненија“, прашува Николовски.

Ние како народна партија застанавме на страна на народот пред и за време на референдумот и имавме јасен став од самиот почеток на овој процес завршувајќи до сега, дека ние сме против Преспанскиот договор и не прифаќаме промена на името Македонија.


Слично

Поврзани вести