Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вице Заев кој ни оддалеку не се споредува со Мијалков најавува тужба за Николовски

Вице Заев кој ни оддалеку не се споредува со Мијалков најавува тужба за Николовски

За Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев во јавноста не се знае многу. Тој има дадено многу малку интервјуа за македонски медиум, а ретко и кога да се појавил ба телевизија. 

Денеска Заев во интервју за 1Тв ги коментира изречените квалификации на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски искажани после седницата на Централниот комитет на оваа  партија одржана по гласањето на Собранието на РМ за отварањето на уставни измени.

Вице Заев вели дека Николовски има три дена да ги докаже обвинувањата за криминална коалиција со Мијалков а во спротивен случај ќе се соочи со тужба.

-Барам кажаното во емисијата да го докаже  на начин што  сите евентуални докази  ке ги поднесе  до јавното обвинителство, а доколку не го стори тоа во рок од три дена, ќе  сметаме дека докази нема  и дека сето тоа е измислица ,па според тоа ќе поднесам тужба  за нарушување на честа и угледот, бидејќи ми се нанесува политичка, но и материјална штета“-вели Вице Заев.

Ексклузивно интервју со братот на премиерот минатата година имаше и Фактор.

Тогаш во обид да дознаеме повеќе за тоа кој е всушност Вице Заев, како ги тера бизнисите, што го интересира, кој е приватно, Фактор реши да не заобиколува. Го прашавме се она што јавноста ја интересира.

„Моето име во последно време доста се спомнува, и тоа често во лош контекст. Прво од политичкиот опонент кој тоа го прави само со единствена цел да го девалвира авторитетот на Зоки, второ, можеби одредени портали за да си го пополнат просторот, или пак иницијатива дава некој кој што има друга позадина, но тоа времето ќе го покаже. Просто се чудам на сите тие пишувања. Овие пет месеци колку што е Зоки премиер, цела пропагандна машинерија се труди да ме прикаже како најголемиот криминалец во државата, а јас немам ни една казна за погрешно паркирање, а не пак за некакво дело,“ кажа во интервјуто за Фактор Вице Заев.

Горд што му е брат на Зоран Заев

-Јас се гордеам што сум брат на Зоран Заев. Целото семејство е гордо на него. Секако дека и јас и сeмејството чувствуваме товар и одговорност, и тоа големи, токму поради тоа, како што велите вие, што е најмоќниот политичар во Македонија во едно време кое значи предизвик и шанса за државата. Прекрасно е чувството кое што го имам заради тоа што токму мојот брат е претседател на Владата на Република Македонија.Но, од друга страна, тоа предизвикува постојано да сум под лупа на јавноста, што е нормално. Тоа создава дополнителен притисок и бара поголема претпазливост, мора да внимаваш на секој чекор, постапка, да знаеш брзо, одмерено, одговорно и соодветно да реагираш во одредени ситуации. Затоа што токму со тоа мое однесување, моите постапки и гестови можам да му помогнам или одмогнам на мојот брат. И уште нешто многу важно. Во целото тоа мое однесување, мора да ја запазам автетичноста на карактерот и на личниот и на фамилијарниот, водејќи сметка за сите околу себе и за заедницата и за авторитетот на брат ми кој што во овој момент е премиер-рече Вице запрашан „Колкав е товарот да се биде брат на Зоран Заев моментално најмоќниот политичар во Македонија?“

Целото интервју на Вице Заев за Фактор читајте го poдолу...

ИНТЕРВЈУ ВИЦЕ ЗАЕВ: Ни оддалеку не се споредувам со ликот и делата на Сашо Мијалков!

Слично

Поврзани вести