Вице Заев ќе ја слушне пресудата на 22 април
Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев, денеска не дојде да ги слушне завршните зборови во судскиот спор по тужбата против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски. Пресудата за овој случај ќе биде обелоденета на 22 април во 14.30 часот.
Бизнисменот го тужи Николовски дека овој на телевизија го искомпромитирал со тоа што рекол дека мести тендери. Заев тужи бидејќи смета дека му е изнесена клевета од страна на Николовски кој изјавил дека Вице станал главен бизнис фактор во државата.
Во судницата се пушташе видео од изјавата на Николовски, чие оправдување е дека укажувал на општото работење на Владата и на аферите што се случуваат.
“Немав намера да го навредам тужителот. Делот со наместени тендери е изваден од контекст и не се однесува на тужителот, туку на работата на Владата”, рече Николовски.
