ВИ ја крои судбината на вработените во ИКТ секторот: Кај нас нема вработувања, во светот откази
Вештачката Интелигенција ја крои судбината на лицата вработени во ИКТ секторот. Тие велат дека ова е мошне лошо време да се работи во оваа професија – затоа што нови вработувања има сè помалку, а во светот се случуваат масовни отпуштања.
Долго време се зборува за големото влијание што вештачката интелигенција ќе го има во однос на масовните отпуштања, а сега се чини дека тоа најмногу го чувствуваат вработените во ИКТ секторот. Последиците од ВИ се чувствуваат насекаде, и кај нас, но и во светот.
Mинистерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, во гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21, посочи дека приватниот ИТ сектор значително го намалил темпото на вработување во последните две години, за разлика од периодот 2021–2023 година.

Според него, тоа се должи на развојот на вештачката интелигенција, но и затворањето на определени пазари од Западна Европа.
„Домашниот приватен ИТ сектор не вработува како во 21, 22, 23… Примањата или се намалуваат или стагнираат, и луѓето кои немаат работа веќе се спуштаат на минимална плата…
Но, сега е веќе притисок на пазарот на труд, интересот да се вработат во државна администрација се зголемува“, изјави Андоновски.
Во изјава за Машки Магазин, вработен во ИКТ секторот кај нас вели дека во последниве две години ситуацијата станува сè полоша:
„Или нема огласи за вработување, или се вработува само по едно лице а за таа работна позиција на оглас се јавуваат по 300 лица. Многу е тешко ако останеш без работа во ова време“ – ни вели тој.
И светските медиуми нагласуваат дека ситуацијата во ИКТ секторот се влошува. Угледниот весник Business Insider нагласува дека отпуштањата во технолошкиот сектор во САД достигнале највисоко ниво од 2023 година, а вештачката интелигенција сè почесто се посочува како една од главните причини за ваквиот тренд... ПОВЕЌЕ НА МАШКИ МАГАЗИН
