Вевчанецот кој навредувал татко со две аутистични деца е пријавен во полиција
Кривична пријава доби вевчанец кој навредувал татко со две аутистични деца од Штип.
Зоран Мијалков од Штип, татко на две деца со аутизам случајот со говорот на омраза и насилство на социјалните мрежи, од лице од Вевчани го пријави во СВР –Штип. Вевчанецот деновиве упатил повеќе навреди на адреса на Мијалков и неговите двајца синови, дека не требало воошто да има деца и дека тие се товар на државата.
„На 20.08.2023 година до Секторот за компјутерски криминал е пристигната пријава за лицето Р. С. од страна на Детска амбасада Меѓаши, а денеска случајот е пријавен и од страна на оштетениот“, соопштија од полицијата.
Мијалков доби поддршка и од граѓаните.
Слично
