Вевчанци се пошегуваа со Заев, Груевски, Крсто Мукоски
Учесниците на Вевчанскиот карневал со своите маски се пошегуваа со случувањата на политичката сцена.
На една од маските, василичар маскиран во министерот за здравство Венко Филипче, носеше транспарент на кој пишуваше „Парите за 3-то дете ги подели на пратениците“.
Химната им беше посветена на осумте величенствени од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, а доминантен беше и пратеникот Крсто Муковски од Вевчани.
„Контејнер за секој пратеник“, пишуваше на еден од контејнерите во Вевчани.
Шеги имаше за актуелниот премиер, Зоран Заев, но и за екс премиерот кој избега Никола Груевски.
Карневалот во Вевчани е една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот со единствена симболика и традиција што се негува повеќе од неверојатни 14 века и кој, според своите специфични особини, се одвојува од другите во светот поради својата архаичност, исконска традиција, таинственост и уникатни маски.
