Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВЕТУВАМ ДЕКА ЌЕ ГО ВЛОЖАМ СЕТО СВОЕ ЗНАЕЊЕ И УМЕЕЕЊЕ ДА ПРИДОНЕСАМ ЗА НАШАТА МАКЕДОНСКА КАУЗА“: Димитровски откако беше избран за заменик министер за надворешни работи

„ВЕТУВАМ ДЕКА ЌЕ ГО ВЛОЖАМ СЕТО СВОЕ ЗНАЕЊЕ И УМЕЕЕЊЕ ДА ПРИДОНЕСАМ ЗА НАШАТА МАКЕДОНСКА КАУЗА“: Димитровски откако беше избран за заменик министер за надворешни работи

Вчера беа избрани замениците на министрите во новата Влада.

Како заменик министер за надворешни работи беше избран Зоран Димитровски, кој по изборот се огласи на Фејсбук.

„Денеска македонското Собрание ме избра за заменик на министерот за надворешни работи и надворешна трговија.

Голема благодарност до премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и до претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов за укажаната доверба да ми ја доверат оваа значајна функција.

Македонија ја очекуваат многу предизвици како на домашен, така и на меѓународен план. Приоритетите се, развивање на добрососедските односи со взаемна почит и уважување, полноправно членство во Европската унија, силна помоција на македонскиот извоз, привлекување странски инвестиции, продлабочување на соработката со стратешкиот партнер САД, натамошно меѓународно етаблирање на државата преку афирмација на македонската посебност, култура, идентитет...

Ветувам дека ќе го вложам сето свое знаење и умеење да придонесам за нашата современа македонска кауза - Македонија пристојна и уредена држава, со највисоки стандарди на правната држава, човековите права и демократијата.“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести