Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ветрот урна дрвја во Велес

Ветрот урна дрвја во Велес

Во Велес од силниот ветар на неколку локации паднаа дрвја и гранки. 

Oткорнати и паднати гранки и дрвја на повеќе локации во Велес – кај касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ на ул. „Благој Ѓорев“ ,во дворот на  ООУ „Блаже Конески“ и кај затворот во Превалец. На сите локации собрани се паднатите гранки и дрвја, информираат од ЈКП„Дервен“.

Од Брза помош информираа дека кај нив до 17 часот никој не пријавил повредени лица од пад на дрвја  и гранки.

Паднати дрвја имаше и во Скопје и Куманово. 

фото Сител

Слично

Поврзани вести