Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕТРОТ ОТКОРНА ЖЕЛЕЗЕН МОСТ: оштетени возила кои поминувале под мостот (ФОТО)

ВЕТРОТ ОТКОРНА ЖЕЛЕЗЕН МОСТ: оштетени возила кои поминувале под мостот (ФОТО)

По невремето кое го зафати Тетово, на удар на ветрот и дождот, проследен со силен ветер и град се најде и главниот град. 

Како што јавуваат надлежните освен поплавени улици и подруми, граѓаните пријавуваат и посериозни штети. 

- Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда пандале врз две возила во движење. Нема информации за повределни лица - велат од Центарот за управување со кризи. 


Граѓаните исто така пријавуваат дека има паднати дрва низ градот, од кои дел исто така се врз авомобили. 

- Од невремето кое вечерва го зафати Скопје во оперативниот центар на ЦУК стигнаа околу 70 пријави од кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријава за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров. Сите пријави се пренесуваат кон надлежните институции - соопштуваат од ЦУК. 

Воедно поради силниот налет има проблеми со снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации, а поради недостиг на енергија прекината е и седницата во Собранието каде треба да се гласа за новата Влада на Македонија. 

Недостиг на струја пријавуваат и жителите на општина Бутел, особено населбата Ќерамидница. 

Фото: ЦУК 

Слично

Поврзани вести