„Ветрот го сменил правецот и се нашол среде оган“: повредениот Златко правел противпожарен појас за огнот да не дојде до Сираково
На социјалните мрежи, „Х“, поранешен Твитер и „Фејсбук“ се споделува објава од повредениот македонец, Златко Димов, кој во неговиот обид да го спречи ширењето на пожарот во село Сираково и самиот бил зафатен од пламенот.
Како што споредлуваат „твитерџиите“, Златко е сопруг и татко на три малолетни деца, но е и невработено. Тој правел појас за огнот да не дојде до селото, но ветро нагло го променил правецо, по што самиот бил зафатен од огнените пламени.
- Ова е Златко Димов, повредениот од пожарот кај с.Сирково при неговото гаснење. Златко е сопруг и татко на три малолетни деца и невработен. Со својот трактор правел противпожарен појас за да огнот не дојде до селото. Ветрот го сменил правецот и се нашол во среде оган - стои во објавата на „Х“.
Ова е Златко Димов, повредениот од пожарот кај с.Сирково при неговото гаснење.
— Фортификација (@Fortiifikacija) July 19, 2024
Златко е сопруг и татко на три малолетни деца и невработен.
Со својот трактор правел противпожарен појас за да огнот не дојде до селото.
Ветрот го сменил правецот и се нашол во среде оган. pic.twitter.com/IYYk3JL93a
Оваа објава не остана „глува“, напротив загрижени сограѓани потенцираа дека мора да се најде начин да му се помогне, како за медицинска грижа, така и за обнова на тракторот.
- На братов треба да му се помогне во секој поглед , од медицинска нега па и повеќе . Не е лошо да се направи и да донираме , ако не друго барем трактор да си купи .А РЕСПЕКТ е најмалку што треба спрема вакви браќа да имаме - пишува во еден од коментарите.
Неговата сторија веќе се пренесува и на „Фејсбук“, од сограѓани, и од пријатели.
Фото: Принтскрин/Твитер
