Ветерот повремено ќе дува и со брзина од 100км/час
Ветерот повремено ќе дува и со брзина од 100км/час, особено на планините. Локално ќе провејува слаб снег.
Времето денеска во цела Македонија ќе биде променливо облачно, студено и ветровито со силен северен ветер.
Максималните дневни температури денеска ќе се движат во Скопје 2 Целзиусови степени, Маврово -3, Охрид 3, Битола 0, Дојран 5, Берово -3, Кавадарци 3, Крива Паланка -1...
Ниските дневни температури ќе преовладуваат и утре (од -2 до 5 степени), од кога и се очекува постепено разведрување. За време на викендот времето ќе биде сончево, а за новогодишната ноќ ведро и многу студено со температури и под - 10 степени. Во сабота дневните температури ќе бидат од 0 до 5, а во недела од 5 до 9 степени.
Во Маврово има 12 сантиметри снег, а температура од -6 степени, во Крушево се наврнати седум сантиметри снег и се измерени -8 степени. Во Претор и во Берово снежната покривка е по четири сантиметри, а температурата -6 односно -5 степени. Два сантиметра снег има во Крива Паланка.
