Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ветерот откорна дрвја и бандери во околината на Кавадарци

Ветерот откорна дрвја и бандери во околината на Кавадарци

Невреме го зафати Кавадарци. Како што велат од локалната самоуправа, силниот ветер откорна бандери и дрвја во кавадаречко. 

Од општината соопштија дека доколку граѓаните имаат каква било потреба од интервенција, да се јават на бесплатните телефонски  броеви 13 300 и 193.

„Брза беше интервенцијата на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Кавадарци, службите од „Мој општинар“ и Јавното претпријатие „Комуналец“. Нивни екипи интервенираа на местата каде што беше потребно. Всушност, имаше проблеми со паднати бандери од кои поголемиот дел се сопственост на ЕВН и „Телеком и искорнати дрвја по патот, предизвикани од силниот ветер на кавадаречка територија“, соопштија од Општината.

Најавено беше дека ќе имаме постудено време и силен ветер. 

Снежно невреме има на Балканот. Завеани се делови од Србија, Хрватска и Грција. Во Хрватска има и жртва. На Копаоник има многу снег и практично е отсечен. 

Слично

Поврзани вести