Ветерот го однесе државното знаме од јарболот во Куманово
Ветерот вчера го однесе државното знаме од плоштадот во Куманово.
Од Општина Куманово денеска информираа дека кумановската полиција го пронашла знамето.
„Знамето е оштетено. Ја информиравме Службата за општи и заеднички работи при Владата за состојбата. Оттаму нè известија дека ќе обезбедат ново знаме“, изјави секретарот на Општина Куманово, Емилија Сладирис-Јаневска.
Поставувањето на новото државно знаме се очекува откако ќе биде доставено од надлежната владина служба.
Штети има ширум Македонија. Владата најави дека ќе ги рефундира штетите.
Слично
