Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ветерниците се исправија во Богданци

Ветерниците се исправија во Богданци
Поставени се првите пет, од планираните 16 ветерници во првиот државен ветерен парк во Македонија, во близина на Богданци. Останатите ветерници треба да бидат поставени ви текот на март, а почетокот на производство на електрична енергија од овој ветерн парк се очекува од април. Ветерниците кај Богданци ќе произведуваат струја за околу 15.000 домаќинства, или вкупно 60.000 граѓани. Годишното производство на паркот треба да достигне 100 гигават-часа ветерна енергија, што е 2 отсто од годишното производство на струја во Македонија. Ветерниот парк во Богданци ќе биде целосно вклучен во електроенергетскиот систем на Македонија откако ќе заврши поставувањето на сите ветерници, најавуваат од ЕЛЕМ. Турбините се производство на Сименс - Данска. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2,3 MW, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри. Нивниот транспорт во Македонија беше исклучително сложена операција. За превоз на само една ветерница беа потребни 10-тина огромни камиони за секоја од компонентите пооделно, што формираат конвој подолг од еден километар. Тежината на сите компоненти за ветерниците надминува 330 тони. Веќе е завршена изведбата на потребната инфраструктура и придружните објекти за  ветропаркот. Во овој проект вреден 55,5 милиони евра, АД ЕЛЕМ вложи 7,6 милиони евра сопствени средства, а останатите 47,9 милиони евра се заем од Владата на Сојузна Република Германија преку КФВ банката.
Слично

Поврзани вести