ВЕТЕР, ДОЖД И ГРАД: Невреме ја зафати Македонија
Силна нестабилност со дожд, ветер и град има во поголемиот дел од земјава.
Од Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат дека нестабилно облачно време со дожд, ветер и град се приближува кон Велес, Штип и Крива Паланка.
„Силна нестабилна облачна маса се приближува кон Велес проследена со интезивни јаки поројни врнежи од дожд, силни електрични празнења, засилен ветер појава на град. Нестабилност имаме и во Штипскиот и КривоПаланечкиот регион“, велат од УХМР.
Нестабилност има и во Штип, Кочани. Нестабилна облачна маса имаме и во Прилепскиот регион, измеѓу Прилеп и Росоман, Неготино, Демир Капија, Виница Делчево. Насекаде имаме појава на пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град.
