Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Предупредување за денес и утре

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Предупредување за денес и утре

Времето денеска претпладне ќе променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи претежно во планинските региони. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во југозападните делови ветерот ќе е западен и повремено со засилен интензитет, соопшти УХМР.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во планинските региони каде што ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец.

Во актуелното предупредување стои дека денес во планинските региони на западот ќе дува умерен до засилен претежно западен ветер. Утре западниот ветер ќе се прошири во најголемиот дел од земјата и ќе дува со умерен до силен интензитет (над 60 км/час).


Слично

Поврзани вести