ВЕСТА Е ЛАЖНА: Директорката на битолското училиште ја демантира бугарската фондација
Директорката на средното техничко училиште во Битола „Ѓорѓи Наумов“ Жанета Сервини ги демантира тврдењата на фондацијата „Бугарска памет (меморија)“ дека ученици од ова училиште биле во посета на Софија и таму посетувале предавања во музејот на национална историја.
Директорката Сервини демантира дека младите од фотографиите објавени на веб страницата на профилот на фондацијата се ученици во битолското техничкото училиште.
„Категорично ги отфрламе дезинформациите за присуство на ученици од техничкото училиште од Битола во Бугарија. Во Софија бевме отидени јас и заменик-директорот Љупчо Здравковски, за да воспоставиме „Еразмус Плус“ соработка со училишта во Софија, како што впрочем е и практиката на сите други училишта. Со дадената непроверена информација направена е шпекулација со која е нарушен нашиот углед и угледот на училиштето“, се вели во реакцијата на Сервини.
Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ се јави со реакција на прес конфренцијата на Дарко Каевски.
„Денес на прес конференција објавија ноторна лага дека ученици од техничкото училиште во Битола биле во посета на Софија, поврзана со клубот Ванчо Михајлов. При тоа ги злоупотребија имињата на директорката и заменик директорите на техничкото училиште од Битола кои во Софија биле на договор за Еразмус+ проекти, сосема независно од наводната посета на млади луѓе на Софија“, реагираат од партијата.Тие велат дека СДСМ, во немоќ и очај, упорно шири лажни вести и на најчувствителни теми за Република Македонија во овој момент, злоупотребувајќи ги и најмладите.
