Економија, финансии, бизнис

Контакт

Весна Јаневска кажа со какви казни ќе се соочат родителите на децата кои вршат насилство

Весна Јаневска кажа со какви казни ќе се соочат родителите на децата кои вршат насилство

Родителите на деца што вршат врсничко насилство ќе плаќаат парични казни, вели министерката за образование, Весна Јаневска. 

„Во собраниска процедура се законски измени со кои се предвидуваат парични казни за родителите и старателите на деца за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиште“, соопшти Јаневска.

Таа рече дека во многу семејства недостига воспитната компонента и додаде дека без поголема ангажираност на родителите нема да може успешно да се спречи врсничкото насилство.

„Во многу семејства недостасува токму таа воспитна компонента, што е основа за здраво растење. Последниот случај на врсничко насилство покажа деца со недостиг на емпатија и со изобличени вредности. Едни се изживуваат врз дете, а други стојат настрана, снимаат и се забавуваат наместо да помогнат“, изјави Јаневска.

Во јавноста се појави видео од врсничко насилство во Аеродром. 

Полицијата објави дека по извршениот разговор во полициска станица со две малолетнички и нивни родители во врска со насилството во скопски Аеродром ќе следуваат кривични пријави.

И во Ченто е регистриран случај со момче кое насилници го претепале и го избоделе. 

фото Фејсбук/Весна Јаневска

Слично

Поврзани вести