Весна Јаневска: Доколку имам повеќе време ќе се потрудам да го доусовршам мојот албански
Доколку имам повеќе време ќе се потрудам да го доусовршам мојот албански јазик, изјави министерката за образование Весна Јаневска за весникот ВЕЧЕР по забелешката од коалициониот партнер во Владата, ВРЕДИ дека наместо да се чувствува лошо што додека Биљал Касами зборува македонски и албански, таа, и покрај тоа што живее во повеќејазична средина не знае ниту еден збор на албански.
Министерката Јаневска во неделата за време на новинарските прашања му сугерираше на градоначалникот на Тетово да зборува и на македоснки јазик. Таа изјави дека по настанот со Касами се разделиле пријателски и не знае од кои мотиви ВРЕДИ реагира.
Oд ВРЕДИ посочија дека и странските дипломати кои се тука учат по некој збор на албански.
фото Фејсбук/Весна Јаневска
