Весковски ветува зголемување на зелените површини и паркови
Отворањето на промотивната канцеларија на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Душко Весковски во Тафталиџе започна со поделба на промотивен материјал и презентација на предвидените проекти во овој реон.

Целта е да овозможиме што почиста и поздрава околина за живот на нашите сограѓани, вклучувајќи ги и најмалите жители. Реализацијата на оваа програма ќе се спроведува етапно во текот на сите четири години од мандатот. Одлучни сме целосно да го искористиме овој потенцијал преку поставување и одржување на уште повисоки стандарди на хумано и планско урбано живеење. Нашата визија за наредните четири години е Карпош, а со тоа и Тафталиџе, да се развие во општина со највисок степен на дигитализација на јавните услуги, со хумана и планска урбанизација што го штити јавниот интерес, ја почитува приватната сопственост и придонесува за економскиот развој, со највисок процент на зелени површини во градот и државата, со чисти улици по кои ќе се движат повеќе велосипеди, а помалку автомобили, со развиена социјална и културна инфраструктура“, соопштија од ОИШ Карпош.

Промотивната канцеларија останува отворена за прашања и предлози.
Слично
