Весковски ветува субвенции, стипендии за млади, отворање на нов Младински центар
Kaндидатот за градоначалник од СДСМ за Карпош, Душко Весковски ја промовираше својата програма.
„Преку градење одржливи системи за поддршка и механизми за активно учество на младите во креирањето на локалните политики и заедничко носење на одлуки, создаваме општина што е пријател на младите“, се наведува во соопштението.
Издвоивме повеќе проекти кои ќе помогнат во реализирање на поголемата
цел:
•Отворање нов Младински центар - Младинскиот центар во Карпош е еден од капиталните проекти и претставува простор наменет за младите квалитетно да го поминат своето слободно време, да се здружуваат, да користат ресурси и алатки за унапредување на формалното и неформалното образование.
•Креирање локална младинска стратегија - младинските политики и проекти. Локалниот младински совет ќе биде директно вклучен во носењето одлуки и
имплементирање на активностите и мерките за млади.
•Отворање Канцеларија за млади - оваа канцеларија ќе служи како точка за
информирање и координација со другите сервиси за млади на локално ниво.
•Буџет за млади - според Законот за младинско учество и младински политики, општината ќе одвои 0,1 % од својот буџет.
•Субвенционирање на еколошки превоз за млади - Во рамките на редовните
повици за субвенционирање велосипеди и електрични тротинети, ќе се воведе квота за млади до 29 години.
•Субвенции за електронски уреди за ученици од основно и средно образование коишто се жители на Карпош.
•Карпош ФИТ - посебна програма за младите во Карпош за активен спортски физички живот и нутриционистички совети.
•Стипендии за најдобрите ученици и поддршка на практичната работа - Во соработка со претприемачите, бизнис-секторот и граѓанскиот сектор, Општината ќе обезбедува стипендии за најдобрите ученици и поддршка на практичната работа за јакнење на вештините и капацитетите на овие млади луѓе за пресретнување на потребите на пазарот на труд.
•Стипендии за ученици од семејства во социјален ризик и еднородителски
семејства - Создавање еднаква шанса за сите млади да можат да го остварат својот полн потенцијал, без разлика на материјалната положба, преку зајакнување на нивната финансиска стабилност.
Главниот капитален проект во оваа област е Основањето Младински центар,
со библиотека и читалница.
