Весковски: Верувам граѓаните нема да дозволат реприза на серијалот на Стевче Јакимовски и бетонизацијата на Карпош
Имаме два концепти – едниот кој во 2016 – 2017 не сплоти, против бетонизацијата на Карпош, за менување на демографскиот лик на Карпош, изјави Душко Весковски денеска при гостувањето во Утрински брифинг. Нашиот концепт, додаде, е отворен кон соработка и мобилизирање не само на членовите на СДСМ, коалиционите партнери, туку и на граѓанските здруженија кои оваа година, на овие избори веќе добија 2 советнички места во Општина Карпош.
„ Во тој период сите политички партии, невладини организации, граѓански здруженија се здружија со нас против Јакимовски и ВМРО ДПМНЕ, против бетонизацијата на Карпош со цел достигнување на еден хуман концепт, проевропски за хумана и планска урбанизација кон Злокуќани и Бардовци. Имаме јасна визија и концепт – наспроти нешто што го имаме веќе видено во минатото, рече Весковски.
Објасни дека веќе направиле анализи и тоно знаеле каде потфрлиле и како треба да продолжат понатаму, без, како што рече, притоа да манипулираат како со членството така и со сите граѓаните.
„Даден е слободен простор за сите симпатизери, ја разбравме пораката што ни ја испорачаа граѓаните и која е насоката по која треба да се продолжи, рече Весковски и додаде дека програмата која ја застапува како кандидат за градоначалник на Општина Карпош, нуди реални проекти а не празни ветувања.
„Нотирани се црните точки од времето на владеењето на Стевчо Јакимовски и ВМРО ДПМНЕ, кога во 2016 – 2017 се направи демографска револуција во Општина Карпош, кога и почнува револтот на граѓаните кон тогашната актуелна власт. Верувам дека граѓаните го препознаваат нашиот концепт за Карпош, со кој нема да се дозволи реприза на серијалот на Стевче Јакимовски и ВМРО ДПМНЕ. Верувам дека ќе ги насочат своите гласови кон најдоброто за Карпош, за да можеме со нова енергија и многу вложен труд, прво да го вратиме останатиот долг на Општината и веднаш да пристапиме да работиме на реализацијата на поставените цели, задачи и поставени проекти, изјави Весковски.
