Економија, финансии, бизнис

Контакт

Весковски: Стевче Jакимовски пробува да го промени последниот детален урбанистички план за Карпош

Весковски: Стевче Jакимовски пробува да го промени последниот детален урбанистички план за Карпош

Градоначалникот Стевче Jакимовски, на крајот од неговиот штетен мандат за граѓаните, повторно, против на волјата на жителите на Општина Карпош пробува да го промени последниот детален урбанистички план за Карпош, тврди Душко Весковски, претседател на ОО СДСМ Карпош.

Ја повикуваат и администрација на Општина Карпош да не подлегнува под притисокот на градоначалникот и остро да се спротистави на сите негови подли игри кои се на штета на граѓаните.

„Со новиот план се уништува животната средина и квалитетот на живеот на жителите на Карпош. Со новопредвидените висококатници се попречува слободниот проток на воздухот, а квалитетот на живот на граѓаните осиромашува. Новопредвидените висококатници ќе го уништат и попречат слободниот проток на воздухот, а проблемот со паркинг местата само ќе го зголемат. Граѓаните со право се загрижени за себе и за своите деца. Го повикуваме партнерот на Никола Груевски, гласноговорникот негов, Стевче Јакимовски, да ја прекине јавната расправа за изменување и дополнување на ДУПот за Карпош 3 се до завршување на локалните избори. Засегнатите жители на Карпош 3, ги повикуваме своите анкетни листови да ги достават во просториите на Општинската зграда. Карпош не може да си дозволи едно од последните маалски и зелени катчиња да биде уништено од профитерството на Јакимовски! На Општина Карпош и се потребни итни промени“ - вели тој. 

Весковски вели дека на 15-ти октомври граѓаните на Карпош ќе го казнат расипничкото и коруптивно владеење на Јакимовски, ГРОМ и ВМРО-ДПМНЕ. Изјави дека новата локална власт предводена од СДСМ посветено ќе работи во интерес на граѓаните и општината. Вели дека ќе има ревизија на сите проекти и работењето во Карпош. 

Слично

Поврзани вести